• e premte, 10 janar 2025

Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење и повреда на неговите граѓански права

Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење и повреда на неговите граѓански права

Санта Фе, 10 јануари 2025 (МИА) - Американскиот глумец Алек Болдвин поднесе граѓанска тужба за злонамерно гонење и повреда на неговите граѓански права, во врска со ненамерното убиство на снимателката Халина Хачинс, на снимањето на филмот „'Рѓа“.

Обвинението беше поднесено вчера пред Окружниот суд во Санта Фе, Ново Мексико, САД, којшто во јули го отфрли обвинението за убиство од небрежност против Болдвин.

Холивудскиот глумец во тужбата тврди дека обвинителите и истражителите намерно постапувале погрешно со доказите додека го воделе случајот.  си/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR