• e enjte, 03 tetor 2024

Албанија со 30 пожарникари и возила помага во гаснењето на пожарите во Грција

Албанија со 30 пожарникари и возила помага во гаснењето на пожарите во Грција

Тирана, 2 октомври 2024 (МИА) - Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека веднаш одговорило на барањето на грчките власти за помош во гаснењето на пожарите во близина на крајбрежниот град Ксилокастро на полуостровот Пелопонез, на околу 120 километри западно од Атина.

- Под координација на Агенцијата за цивилна заштита и Европскиот механизам за цивилна заштита, во противпожарните операции во Грција се вклучени 30 пожарникари и пет противпожарни возила од Албанија, стои во соопштението.

Се додава дека пожарникарите од Албанија се ангажирани „врз основа на потребите што ги презентира соседната земја и ќе останат таму до стабилизирање на состојбата".

- Албанија, како членка на Европскиот механизам за цивилна заштита, секогаш е подготвена да им помогне на своите сојузници и партнери во случаи на природни катастрофи, посочуваат од Министерството. вт/рп/

Фото: Веб страница на Министерството за одбрана на Албанија 

QËNDRONI TË LIDHUR