• e mërkurë, 17 dhjetor 2025

Албанија следната  година домаќин на  средбата на лидерите на  верските заедници од Балканот, во рамки на Процесот Акаба

Албанија следната  година домаќин на  средбата на лидерите на  верските заедници од Балканот, во рамки на Процесот Акаба

Тирана, 16 декември 2025 (МИА) - Во Албанија идната година ќе се одржи средба на лидерите на врските заедници од Балканот, откако деновиве беше копретседавач на ваква средба во Аман, Јордан.

-Албанија оваа недела беше заедно со Јордан, копретседател на Големата тркалезна маса на лидерите на верските заедници од  Балканот, во рамки на Процесот Акаба. Идната година ќе се собереме во Албанија, објави премиерот Еди Рама, кој учествуваше на средбата во Аман.

Зборувајќи за овој настан во подкастот „Фласим“(зборуваме) Рама го опиша јорданскиот крал Абдула Втори како светски почитуван монарх, ценет пријател на албанскиот народ и многу добар негов личен пријател.

„Пред една деценија заеднички го инициравме Процесот Акаба, значајна иницијатива водена и фокусирана на јасно соочување со тероризмот и насилниот екстремизам, под посебно покровителство на јорданскиот крал Абдула Втори. На декемвриската рунда од состанокот, Албанија беше заедно со Јордан копретседавач на големата тркалезна маса на лидерите на верските заедници на Балканот“, рече Рама.

Тој објави дека на овој состанок учествувале и лидерите на верски заедници од Албанија, посочувајќи дека „Ова ќе го повториме, следната година, тука во Албанија, заедно со јорданскиот крал Абдула Втори Бин Ал-Хусеин".

Според Рама, тркалезната маса во Аман се одржала без присуство на медиумите. вт/ссм/


Фото: Рама ФБ

QËNDRONI TË LIDHUR