Албанија и ЕУ потпишаа договор за партнерство во областа на безбедноста и одбраната
- Се очекува ова стратешко партнерство да ги зајакне напорите за борба против хибридните и сајбер заканите, екстремизмот и да ги подобри безбедносните и одбранбените способности.
Тирана, 18 декември 2024 (МИА) - Во Брисел денеска беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Албанија и Европската Унија за соработка во областа на безбедноста и одбраната.
Се очекува ова стратешко партнерство да ги зајакне напорите за борба против хибридните и сајбер заканите, екстремизмот и да ги подобри безбедносните и одбранбените способности.
Документот го потпишаа високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани и за одбрана, Пиро Венгу, во присуство на премиерот Еди Рама.
„Во Брисел денеска го потпишавме Договорот за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Албанија и ЕУ, со што се официјализира проширената соработка во различни области на безбедноста и одбраната. Ова стратешко партнерство ќе ги зајакне нашите напори за борба против хибридните и сајбер заканите, екстремизмот и дополнително ќе ги зголеми нашите безбедносни и одбранбени способности, придонесувајќи за побезбедна и поотпорна Европа“, пишува министерот Хасани на платформата Икс. вт/ссм/