Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели Димитриеска Кочоска за солидарниот данок
- Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот. Мојот став во однос на солидарниот данок, нагласи Димитриеска Кочоска, во моментот кога се воведуваше го знаете и дека бевме против од многу причини, но сега, да ја почекаме одлуката на судот.
You need to login to view this page