Академски Форум на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Универзитетот во Тетово
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) Битола и Универзитетот во Тетово подготвуваат академски Skopje Security Forum 2026, настан на кој ќе учествуваат врвни универзитетски професори, истражувачи, дипломати, претставници на граѓанското општество и медиуми од земјата и странство.
Битола, 10 февруари 2026 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) Битола и Универзитетот во Тетово подготвуваат академски Skopje Security Forum 2026, настан на кој ќе учествуваат врвни универзитетски професори, истражувачи, дипломати, претставници на граѓанското општество и медиуми од земјата и странство.
Од УКЛО Битола информираат дека Форумот ќе се одржи во мај 2026 година и е насловен како „Архитекти на стабилноста: Европскиот безбедносен идентитет на Западниот Балкан“ ( „Architects of Stability: The European Security Identity of the Western Balkans“), апПрограмата е дизајнирана да ја отвори следната фаза на Берлинскиот процес – премин од економска кон безбедносна интеграција,
-Форумот има стратешка цел, трансформација на улогата на Западен Балкан – од периферија на европската безбедност во активен фактор на стабилност. Ова ќе се остварува преку постепена и оперативна интеграција во безбедносните политики и инструменти на Европската Унија. Во овие координативни активности се вклучени бројни академски кадри од УКЛО, првенствено од Факултетот за безбедност-Скопје, најави претседателот на Организациониот одбор, професорот Александар Иванов.
Форумот ќе се одржи во мај 2026 година. Програмата е дизајнирана да ја отвори следната фаза на Берлинскиот процес – премин од економска кон безбедносна интеграција, фокусирана на три клучни столба, односно Оперативна интеграција во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, Одбранбени иновациии технолошка сувереност и третиот столб - Отпорност на општестватаи ефективно справување со хибридни закани.
На Форумот ќе биде донесена Декларација, документ со конкретни препораки до владите од Берлинскиот процес и Европската комисија за забрзана безбедносна интеграција на регионот, нагласија од УКЛО Битола. мт/дма/
Фото: УКЛО Битола