• e enjte, 09 janar 2025

АД ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

АД ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Станува збор за привремено ангажирање на економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик, соопштија од АД ЕСМ.

Од компанијата нагласуваат дека изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки, а итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“.

За време на постапката, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ, испратила покани до пет компании кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Најниска цена за услугите понудила фирмата „Топлина“ и според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за околу 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец РЕК Битола еднострано ја раскина соработката заради непочитување на одредбите од договорот, посочија од АД ЕСМ. мт/дма/


Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR