• e martë, 24 mars 2026

Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните  и стабилност на економијата

Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните  и стабилност на економијата

Скопје, 23 март 2026 (МИА) -  Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната економска криза, а снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма, во која се осврна на донесените одлука од страна на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, се со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.  

-Она што се укажа дека намалувањето од 18 на 10 отсто е првиот чекор, доколку има понатаму потреба ќе се намали и до 5 отсто. Паралелно со тоа, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство покрај серијата на чекори што ги направи во изминатиот период исто така премина кон разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да имаме дополнителен попуст на маржа од 2-3 денари. Практично барем во овој најсериозен бран да имаме состав во кој цените на горивата нема да бидат поскапени - рече Јаревски. 

Јаревски додаде дека државата останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот потенцирајќи дека се потврдува ефикасноста на преземените мерки како и стабилноста на енергетскиот систем. Тој нагласи дека приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

QËNDRONI TË LIDHUR