• e mërkurë, 25 shkurt 2026

Хрватскиот министер за надворешни работи Радман утре и задутре во официјална посета на земјата

Хрватскиот министер за надворешни работи Радман утре и задутре во официјална посета на земјата

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Во фокусот ќе бидат и соработката во рамките на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања. фф/са/

Фото: МИА Архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR