• e mërkurë, 11 shkurt 2026

Учениците во СОСУ „Илинден“ добија смарт таблети од општината

Учениците во СОСУ „Илинден“ добија смарт таблети од општината

Скопје, 10 февриари 2026 (МИА) -  Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на учениците во СОСУ „Илинден“ им доделил 80 смарт таблети, информира општинската прес-служба. 

Оттаму велат дека оваа активност е дел од заложбите на локалната самоуправа за модернизација на образованието и зајакнување на дигиталните капацитети на учениците.  Со користење на таблетите, истакнуваат дека учениците ќе имаат можност за полесен пристап до едукативни апликации, дигитални учебници и дополнителни наставни содржини и помагала, со што наставниот процес ќе стане поинтерактивен, поефикасен и прилагоден на современите трендови.

Градоначалникот Георгиевски истакнал дека развојот на дигиталните вештини кај младите е од клучно значење во услови на забрзана дигитализација, потенцирајќи дека Општина Илинден има јасна визија за модерно и квалитетно образование.

-Општина Илинден и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон унапредување и осовременување на образовниот процес, со цел создавање подобри услови за учење, развој и напредок на младите генерации, се вели во соопштението.лв/сст/

фото: Општина Илинден 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR