Туск: Полска нема да испрати трупи во Иран
- Владата на Полска не планира никаква експедиција во Иран и тоа не предизвикува никакви сомнежи кај нашите сојузници, посочи Туск, додавајќи оти тоа се важни копнени, воздушни и поморски воени сили
- Post By Марина Илиевска
- 15:20, 17 mars, 2026
Варшава, 17 март 2026 (МИА) - Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека Варшава нема да испрати трупи во Иран бидејќи судирот не влијае директно на нејзината безбедност.
- Владата на Полска не планира никаква експедиција во Иран и тоа не предизвикува никакви сомнежи кај нашите сојузници - посочи Туск додавајќи оти тоа се важни копнени, воздушни и поморски воени сили.
Според него, централен елемент на полската стратегија е обезбедување на Балтичкото Море.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика сојузниците да помогнат во обезбедување на Ормуската Теснина, покрај Полска, и други американски сојузници - Германија, Шпанија и Италија - соопштија дека нема да испратат бродови за помош за отворање на Ормуската Теснина, која е блокирана од Иран. ми/ссм/
фото: ЕПА