• e mërkurë, 18 shkurt 2026

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција

Москва, 17 февруари 2026 (МИА) – Три лица загинаа во експлозија во зграда на воената полиција во северна Русија, во близина на Санкт Петербург, соопштија денеска локалните власти.

Телата биле пронајдени под урнатините на делумно уништената зграда во градот Сертолово, напиша гувернерот Александар Дрозденко на Телеграм.

Според медиумските извештаи, други лица се повредени во експлозијата, за која граѓаните велат дека можела да се слушне на оддалеченост од неколку километри, пренесе ДПА.

Причината засега е нејасна. Истражниот комитет соопшти дека се покренати истраги за небрежност и за кршење на прописите за заштита од пожари.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред речиси четири години, украинските разузнавачки служби редовно извршуваат напади во Русија, главно врз воени цели. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR