Трамп повторно побара од сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормуски Теснец
- Некои беа многу воодушевени, некои не. Меѓу нив има земји на кои им помагавме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни закани, а тие не беа воодушевени да помогнат. Нивото на ентузијазам е важно за мене, истакна Трамп
- Post By Марина Илиевска
- 20:22, 16 mars, 2026
Вашингтон, 16 март 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно побара од сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормуски Теснец, при тоа критикувајќи ги дека „не биле воодушевени да помогнат“.
- Некои беа многу воодушевени, некои не. Меѓу нив има земји на кои им помагавме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни закани, а тие не беа воодушевени да помогнат. Нивото на ентузијазам е важно за мене, истакна Трамп.
Неколку сојузници на САД денеска изјавија дека не планираат да испратат бродови за да помогнат во деблокирањето на Ормускиот Теснец. ми/ссм/
фото: ЕПА