• e premte, 17 prill 2026

Трамп: Новата рунда преговори за Иран би можела да се одржи во текот на викендот

Трамп: Новата рунда преговори за Иран би можела да се одржи во текот на викендот

Вашингтон, 16 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска навести дека новата рунда разговори со Иран би можела да се одржи во текот на викендот и рече дека не е сигурен дека е потребно да се продолжи примирјето со оваа земја.

Одговарајќи на прашање од новинарите пред Белата куќа, Трамп рече дека САД се справуваат „многу добро“ со Иран и дека не е сигурен дали е потребно да се продолжи примирјето, но додаде дека ќе го стори тоа „доколку е потребно“.

„Имаме многу добри односи со Иран во моментов“, рече Трамп.

Тој изјави дека Иран е заинтересиран за постигнување договор и посочи дека „денеска е подготвен да прави работи што не беше подготвен да ги направи пред два месеци“.

На прашањето што ќе се случи ако САД и Иран не постигнат траен договор, Трамп рече дека воените напади повторно ќе бидат засилени, пренесува Си-ен-ен.

„Ако нема договор, конфликтите продолжуваат“, рече тој.сд/

Фото:МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR