• e diel, 25 janar 2026

Тепачка во двор од средно училиште во Велес

Тепачка во двор од средно училиште во Велес

Велес, 24 јануари 2026 (МИА) -  Во СВР Велес вчера попладне во 14:20 часот било пријавено дека во двор од средно училиште во Велес, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 20 годишниот  Б.Р. и 18 годишниот А.У., двајцата од село Горно Јаболчиште, Општина Чашка од една страна и тројца малолетници од село Бузалково, велешко и еден малолетник од село Сливник, велешко од друга страна, информираат денеска од СВР Велес.

Воедно појаснуваат дека со еден од малолетниците бил извршен службен разговор во присуство на родител. Од СВР Велес инфрмираат дека се  преземаат мерки за расчистување на случајот и дека по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.ад/вј/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR