Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
- Кривичниот совет на Основниот кривичен суд - Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од постапката. На истото рочиште беше сослушан и претставник од Државниот завод за ревизија, кој детаљно ја образложи ревизијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија за 2021 година посочувајќи слабости, неправилности и неусогласености со законските прописи и одговараше на серија прашања од Обвинителството, одбраната и самите обвинети.
You need to login to view this page