• e mërkurë, 04 shkurt 2026

Сообраќајот по претежно влажни коловози, намалена видливост на патот Гевгелија - ГП Богородица

Сообраќајот по претежно влажни коловози, намалена видливост на патот Гевгелија - ГП Богородица

Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 60 метри поради магла има на патниот има на правец Гевгелија - граничен премин Богородица. 

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. 

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони. хс/

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR