Сообраќајот непречено, по влажни коловози
- На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Скопје, 21 април 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.лв/
фото: МИА архива