• e enjte, 09 prill 2026

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Скопје, 8 април 2026 (МИА) -   Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“.

За членовите на одборот, како што се наведува во соопштенито на претседателскиот кабинет, именувањето е заслужено признание за исклучителниот придонес на диригентот Ванчо Чавдарски во развојот и афирмацијата не само на македонската музичка култура, туку и на светската, со оглед на неговото диригирање со познати оркестри во реномирани концертни сали.

-Реализацијата на идејата, сметаат ценетите уметници, ќе биде чин на национална грижа за ликот и делото на Чавдарски, во кого гледаат голем културен македонски амбасадор и врвен музички профил. Во својата аргументација, тие се повикуваат на слични компаративни примери и искуства во регионот, но и пошироко - се вели во соопштението.

Сиљановска-Давкова изразила разбирање за иницијативата, низ призма на потребата од почитување и негување на националното и светско музичко културно наследство, како и почитта кон уметничките великани, со неспорен и препознатлив музички придонес, којшто инспирирал многу генерации диригенти.

Иницијативниот одбор е составен од познати уметници, музички педагози, академици, универзитетски професори, културни работници и јавни дејци, кои со своето професионално и општествено ангажирање придонесуваат за зачувување и афирмација на македонската културна традиција и вредности. ац/

Фото: Кабинет на претседател

QËNDRONI TË LIDHUR