• e mërkurë, 15 prill 2026

Се уредува една од главните улици во село Велебрдо, Општина Маврово и Ростуше

Се уредува една од главните улици во село Велебрдо, Општина Маврово и Ростуше

Дебар, 14 април 2026 (МИА) - Во рамки на интензивни теренски градежни активности за реализација на неколку значајни проекти, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, попладнево изврши увид во текот на работите на патната инфраструктура во населеното место Велебрдо. 

Проектот предвидува поплочување на крак од улица со должина од над 500 метри. 
 
Покрај поставувањето на павер-елементи, градежниот зафат вклучува и регулирање на атмосферските води, поправка на шахти, со што трајно ќе се реши проблемот на оваа делница. 


-Наша заложба е рамномерно да ги развиваме сите населени места во општината.  Со уредувањето на оваа улица во Велебрдо, значително го подобруваме пристапот до домовите и секојдневното движење на жителите, истовремено градејќи модерна и функционална инфраструктура,  истакна градоначалникот Јакупоски за време на увидот, информираа од општината. 
 
Меѓу неколкуте зафати, кои се во тек во општината, со забрзана динамика се  гради нов резервоар за вода за пиење во село Ростуше, проект кој е од витално значење за долгорочно и стабилно решавање на водоснабдувањето на жителите на ова населено место. вт/дма/


Фото: Општина Маврово и Ростуше

QËNDRONI TË LIDHUR