СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените
- Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.
- Post By Мирјана Чакарова
- 16:01, 16 mars, 2026
Скопје, 16 март 2026
Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.
Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата.
Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари, и укинување на ДДВ на основните прехранбени производи.
Потребно е итно воведување на мерките.
Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има пари за храна.
СДСМ веќе има предлог-законски решенија и мерки кои почнувајќи од утре ќе ги поднесеме во Собранието.
СДСМ