• e mërkurë, 11 shkurt 2026

САД и Азербејџан потпишаа договор за стратешко партнерство

САД и Азербејџан потпишаа договор за стратешко партнерство

Баку, 10 февруари 2026 (МИА) - Соединетите Американски Држави и Азербејџан денеска во Баку потпишаа договор за стратешко партнерство, отворајќи ново поглавје во економската и безбедносната соработка меѓу двете земји.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев го потпиша договорот со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој е во посета на Баку откако претходно ја посети соседна Ерменија.

Алиев рече дека Баку и Вашингтон влегуваат во сосема нова фаза на соработка во областа на продажбата на оружје и вештачката интелигенција, со континуирана заедничка работа на енергетската безбедност и борбата против тероризмот. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR