• e mërkurë, 11 shkurt 2026

Русија тврди дека при украински напад оштетен е далновод на нуклеарната централа Запорожје

Русија тврди дека при украински напад оштетен е далновод на нуклеарната централа Запорожје

Москва, 10 февруари 2026 (МИА) – Руската управа на нуклеарната централа Запорожје соопшти дека при украински напад прекинат е еден од двата далноводи.

Поради оштетување на далноводот без греење се станбени згради и други објекти во градот Енергодар.

Украина сè уште не ги коментираше руските наводи.

Најголемата нуклеарна електрана во Европа, со капацитет од речиси шест гигавати, од февруари 2022 година е под контрола на Русија. ми/рп/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR