• e premte, 05 dhjetor 2025

Русија го блокира „Снепчет“

Русија го блокира „Снепчет“

Москва, 4 декември 2025 (МИА) – Русија го блокираше пристапот до социјалната мрежа за размена на фотографии и видеа „Снепчет“ (Snapchat), соопшти регулаторот на комуникации Розкомнадзор.

Забраната е воведена поради наводна злоупотреба на Снепчет „за организирање и изведување терористички дела во земјата и за регрутирање на сторители“.

Русија вчера ја блокираше апликацијата на „Епл“ (Apple) за видеоповици „Фејс тајм“ (FaceTime) во рамките а кампањата за сузбивање на странски технолошки платформи, како што тврдат руските власти, се користат за криминални активности.

Русија претходно воведе рестрикции за „ЈуТјуб“ (YouTube) на „Гугл“ (Google), „ВацАп“ (WhatsApp) и „Телеграм“ на „Мета“. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR