• e martë, 17 dhjetor 2024

Писмото од австрискиот амбасадор ги „разбранува“ правосудните институции

Писмото од австрискиот амбасадор ги „разбранува“ правосудните институции

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) – Дипломатските претставници со своите отворени и „без ракавици“ коментари за владеењето на правото повторно ги разбрануваа правосудните институции во земјава.

На отвореното писмо од австрискиот амбасадор Георг Вуцас, во кое тој побара смена на судии, обвинители, но и одговорност од нотари и извршители, за кои смета дека го одолговлекуваат процесот на наплата на долг на една австриска фирма во земјава, од Судскиот совет одговорија дека ќе ги проверат ваквите наводи. Обвинителството, пак, информира дека постапуваат ажурно по трите поднесени кривични пријави од австриската фирма. Нотарската комора ги демантираше изнесените реакции насочени против нотарите. 

Дописот на австрискиот амбасадор, според претседателот Стево Пендаровски, не е мешање во внатрешните работи на земјава и претставува легитимна обврска на секој амбасадор да ги штити интересите на својата земја. 

-  Го следам случајот од она што може да се види од медиумите. Чудни се коментарите дека тоа можеби е мешање во нашите внатрешни работи. Не станува збор за мешање во внатрешни работи. Станува збор за легитимна обврска на секоја амбасада. И нашите амбасадори кои се надвор и ја претставуваат нашава држава, имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, не само на институциите на државата која ја претставуваат, оцени вчера Пендаровски. 

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во која наведува дека датумот на основањето на македонската рево

Пендаровски очекува македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународната арбитража. 

Австрискиот амбасадор во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правото и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), и побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги отстрани „сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите“. Вуцас бара и надлежните комори на извршители и нотарите да ги укинат лиценците на „правните службеници кои ги злоупотребиле нивните овластувања“, и овозможиле, како што наведе „да се избегне и спречи признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на 3 јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер“.

Од Јавното обвинителство вчера информираа дека Основните јавни обвинителства во Гевгелија и Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриската фирма.

- Иако во конкретниот случај во основа станува збор за граѓанско-правен однос меѓу правните субјекти, а нивните права се обезбедуваат во соодветни судски и други постапки, по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје предложи притвор и нареди истражна постапка против 27-годишник осомничен за убиство што го извршил вчера во раните утрински часови во к

Оттаму појаснуваат дека наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава за измама и злоупотреба на службената положба.

- Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека нема елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје, информираа од ЈОРСМ.

Во меѓувреме, истото правно лице поднело пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело - Оштетување или повластување на доверители.

- Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења, велат од ЈОРСМ.

До Основното јавно обвинителство Скопје, пак, истото правно лице на 23 јуни годинава поднело кривична пријава против неименувани службени лица во Агенцијата за катастар за недвижности за Несовесно работење во службата, Фалсификување службена исправа и Компјутерски фалсификат.  

- Пријавата веќе е распоредена кај јавен обвинител, се проучува и се преземаат дејствија со цел да се испитаат наводите, да се обезбедат докази и да се идентификуваат евентуални сторители, се вели во соопштението од ЈОРСМ. 

Судскиот совет, пак, најави дека наводите во известувањето на Австриската амбасада ќе бидат проверени, посочувајќи дека до нив од страна на австрискиот амбасадор е испратен поднесок со наслов известување, а во прилог и исечок од објавен текст во неделникот Фокус.

- Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија, велат од Советот.

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на

Дополнуваат дека од работната средба произлегол заклучок, дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки. 

 

Средства во износ од 161.500 денари се уплатени на владината наменска сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот, соопш

Реагираше и Нотарската комора која ги демантираше изнесените реакции насочени против нотари. Од Нотарската комора наведуваат дека нотарите се лица со јавни овластувања доверени од државата, чија дејност се извршува во неспорни работи, што значи дека во ниеден случај нотарите не можат да бидат вклучени и да преземаат дејствија во било какви спорови, а најмалку во трговски спор. 

- Според податоците од решението за определување на привремена мерка донесено од надлежен суд, недвосмилено е дека ниеден нотар во државата не составил ниту заверил нотарска исправа со која е осуетено или повредено било какво право на австриската фирма. Во конкретниот случај станува збор за недвижност, па доколку надлежен суд издал правосилна привремена мерка за обезбедување на побарување поврзано со таа недвижност, истата судот по службена должност треба да ја спроведе со доставување до Агенцијата за катастар на недвижности заради прибележување во јавните книги во кои се запишуваат правата на недвижностите, како и до соодветните регистри во кои се запишуваат права на подвижни предмети, до носителите на платен промет и до Централен депозитар за хартии од вредност, посочија од Комората. 

Нотарот, како што појаснува Нотарската комора, би сторил повреда и може да се повикува на одговорност само доколку спротивно на запишаната забрана за располагање, дозволи склучување на правно дело во форма на нотарска исправа (нотарски акт или солемнизација на приватна исправа), која ќе се однесува на недвижноста за која постои забрана. 

- Фактот што нотар издал правосилно и извршно решение за нотарски платен налог, нема никаква поврзаност со недвижноста и со забраната за нејзино отуѓување, од причини што „Нотарски платен налог“ претставува решение на нотарот со кое, врз основа на веродостојна исправа, му се налага на должникот да исплати некое доспеано парично побарување. Нотарскиот платен налог е инструмент за вонсудско намирување на парични побарувањата и тој му овозможува на доверителот, по правосилност и извршност на истото, доколку доброволно не биде исполнето, да побара присилна наплата преку надлежен извршител. Што значи станува збор за постапка која се води за доспеани парични побарувања и е сосема различна и независна од постапката за составување на нотарска исправа за недвижен и друг имот, велат од Нотарската комора. 

Оттука, како што додаваат, реакциите не може да имаат правно релевантно значење од аспект на законитоста во постапувањето на нотари.

- Одговорноста за располагање со имот или права спротивно на изречена забрана или ограничување, со одлука на судот кое не е запишано во јавна книга или регистар е на страна на лицето кое постапило спротивно на забраната или ограничувањето и истото е од значење за правната валидност на склученото правно дело, за што е предвидена и правна заштита во соодветна постапка. Но, доколку Австриската амбасада има потреба од дополнителни појаснувања, Нотарската комора на Република Северна Македонија и стои на располагање за било какви информации и консултации во врска со постапувањето на нотари во конкретниот случај, се наведува во соопштението. 

Во дописот од Австриската амбасада, се вели дека „патот на извршување на меѓународна арбитражна одлука во Северна Македонија излегува дека претставува предизвик и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор“, посочувајќи дека „во случајот времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања“, обвинувајќи, меѓу другото дека: „прво, најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ ТРЕЈД ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на г-ѓа Емилија Заева Костова, сопруга на г-дин Атанас Костов, и роднина на поранешниот премиер Зоран Заев“, второ „помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции“, и трето „поттикнаа јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданци на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага“.

- Со последното закажување на јавно наддавање на 10 јули 2023 година во корист на ДЕНА поврзаната компанија, АММА речиси сигурно нема да ја врати отштетата во износ од 4,5 милиони евра. Зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе над десетина правни предлози за признавање на арбитражна одлука во Северна Македонија? Како е можно дека на централен катастар, официјален јавен регистар, може да се манипулира? Како може да продолжуваат извршни постапки со граѓански тужби кои се во тек против него и кривични истраги во тек? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот? Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотари)?, се вели во соопштението од Австриската амбасада во земјава.

На јавното обраќање на австрискиот амбасадор реагираше и поранешниот премиер Зоран Заев кој се огради од споменатио деловен спор.

-  Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој граѓанин или правен субјект се однесува, стои во реакцијата на Заев, објавена од Независен.мк. 

Премиерот Зоран Заев денеска ќе го посети Делчево по повод почеток на изградба на современ градски пазар.

Заев, во реакцијата апелира „судот и правосудните органи, како и било која друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето, а како што вели, доколку амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш неговото име во ваква негативна конотација најавува тужба за нанесена штета врз честа и угледот.

-Јас се сметам за пријател на Австрија и за време на мојата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија. Така што нема да дозволам првиот претставник на Австрија во Северна Македонија со ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име. Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и  лично ќе го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, стои во реакцијата на Заев, објавена во медиумите. аа/ев/

ФОТО: МИА Архива 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR