• e martë, 21 prill 2026

Проштална средба на собранискиот претседател Гаши со нерезидентниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана

Проштална средба на собранискиот претседател Гаши со нерезидентниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана

Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиште во Тирана - соопштија попладнево од собраниската прес-служба.

- Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини, со што значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во иднина очекува да продолжи процесот на отворање резидентни амбасади во Скопје и Ријад, што ќе претставува историски чекор напред за меѓусебните билатерални односи - пишува во соопштението.

Гаши ја поздравил клучната и конструктивна улога на Кралството Саудиска Арабија во новата и комплексна геополитичка реалност на Блискиот Исток и истакнал дека високо ја цени нивната политиката за деескалација, дијалог и изнаоѓање одржливи решенија за мирот во регионот.

- Амбасадорот Исмаил Хифзи потенцира дека интензивно работел на продлабочување на економските врски и поттикнување на интересот за саудиски инвестиции на македонскиот пазар, како и за јакнење на односи меѓу двете држави со размена на посети на високо ниво. Двајцата соговорници се согласија дека е потребно унапредување на меѓусебната соработка во сферите на културата, образованието и туризмот, што ќе значи уште поголемо запознавање и зајакнување на соработката меѓу двете држави - се додава во соопштението. бд/вј/

Фото: Собраниска прес-служба

QËNDRONI TË LIDHUR