• e premte, 05 dhjetor 2025

Принц Хари со шега за Доналд Трамп: Американците си „избраа крал“

Принц Хари со шега за Доналд Трамп: Американците си „избраа крал“

Вашингтон, 4 декември 2025 (МИА) - Британскиот принц Хари се пошегува на сметка на претседателот на САД Доналд Трамп, за време на неговото изненадно појавување во емисијата „The Late Show“ на Стивен Колберт, велејќи дека Американците си „избрале крал“.

Војводата од Сасекс се појави во комичен скеч на американската телевизија Си-Би-Ес, во кој се глуми сам себе на „аудиција“ за улогата на божиќен принц во измислен ТВ филм. Шегувајќи се на сметка на американската „опседнатост“ со монархијата, Хари рече дека САД „избрале крал“, алудирајќи на Трамп, што предизвика реакција од публиката, пренесе британскиот „Индепендент“.

Како што се наведува, принц Хари ја допре и темата за нагодбата на Си-Би-Ес со Трамп по неговата тужба дека во емисијата „60 Минути“ наводно била фаворизирана Камала Харис, противкандидатката на Трамп од редовите на демократите на претходните претседателски избори.

Хари, глумејќи кандидат очаен за улогата, додаде дека „би направил сѐ“ за таа работа, вклучително и „решавање на неоснованата тужба со Белата куќа“. Во скечот, Хари на крајот ја добива улогата.

Гостувањето беше најавено со кратко хумористично видео кое го споделија тој, Стивен Колберт и војвотката Меган Маркл на социјалните мрежи. Ова е второ појавување на принц Хари во емисијата „The Late Show“.

Принц Хари и Меган Маркл живеат во Калифорнија откако се повлекоа од активните кралски должности во 2020 година. ссм/

фото: ЕПА архива

QËNDRONI TË LIDHUR