• e hënë, 20 prill 2026

Приведен кавадарчанец, управувал нерегистриран мопед и без право на управување возило

Приведен кавадарчанец, управувал нерегистриран мопед и без право на управување возило

Кавадарци, 16 април 2026 (МИА) - Приведен бил кавадарчанец поради управување нерегистриран мопед и без право на управување моторно возило, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 16:05 часот на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиja од слобода С.С., на возраст од 20 години од овој град. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од С.С. и по преземените мерки и извршени проверки, било констатирано дека мопедот е нерегистриран и го управувал пред да се стекне со право на управување на моторни возила, појаснија од СВР - Велес.

Тој бил приведен во полициска станицa, известен бил јавен обвинител, мопедот бил одземен.

- По документирање на настанот, прoтив него ќе бидат поднесени соодветни пријави, додадоа од СВР - Велес. свд/дма/

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR