• e shtunë, 07 shkurt 2026

Ппочнува реконструкција на улицата „Маршал Тито“ во Валандово, воведен времен сообраќаен режим

Ппочнува реконструкција на улицата „Маршал Тито“ во Валандово, воведен времен сообраќаен режим

Валандово, 6 февруари 2026 (МИА) - Општина Валандово почнува со поголема реконструкција на дел од улицата „Маршал Тито“ во централното градско подрачје, кај полициската станица.

Од општината информираат дека со започнување на работите на терен од понеделник стапува на сила времен сообраќаен режим на улицата „Маршал Тито”, на потегот од крстосницата со улица „Никола Карев” до крстосница со улица „Првомајска”.

Проектот чиј изведувач е „Гама градба” од Скопје, опфаќа реконструкција на водоводна мрежа, изградба на атмосферска канализација и обнова на коловозот, како и поставување на нови тротоари.

Од општината апелираат до граѓаните да ја почитуваат сообраќајната сигнализација додека траат градежните работи. рш/дма/

Фото: Општина Валандово

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR