Почната е постапка за јавна набавка за чартер-летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
- - Имајќи ги предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе во согласност со Законот за јавните набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга предвидени се средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
You need to login to view this page