• e martë, 17 mars 2026

Обележан паркингот кај стариот театар во Велес, во изградба и подземна гаража

Обележан паркингот кај стариот театар во Велес, во изградба и подземна гаража

Велес, 16 март 2026 (МИА) - Новоизградениот паркинг на местото на стариот театар во Велес  во близина на Автобуската станица утрово беше одбележан, со цел целосна функционалност, информира попладнево градоначалникот Марко Колев. Паркингот е изграден со средства од општинската каса.

- Поради местоположбата овој паркинг, кој е во  близината на Градскиот пазар и Автобуската станица, а и во близина на центарот на градот ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, потенцира градоначалникот Колев.

Инаку жителите од овој дел од градот до општината пред неговата изградба бараа на овој простор кај стариот Театар кој се сруши, да се изгради Детски парк со реквизити за игра, како и  хортикултурно да се уреди просторот.

Воедно и овој нов паркинг, како и останатите паркинзи во градот, е бесплатен за сите граѓани.

Во центарот на Велес во тек е изградбата на прва подземна гаража. ад/дма/

Фото: Општина Велес.

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR