Нормализиран сообраќајот на патот Градско - Прилеп
- Нормализиран е сообраќајот на експресниот пат Градско - Прилеп каде попладнево имаше сообраќајна незгода. Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека од 15 часот сообраќајот е нормализиран за сите видови возила.
Скопје, 2 април 2026 (МИА) - Нормализиран е сообраќајот на експресниот пат Градско - Прилеп каде попладнево имаше сообраќајна незгода.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека од 15 часот сообраќајот е нормализиран за сите видови возила.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот на внимателно возење и почитување на сообраќајните знаци. бак/
Фото: МИА архива