Издаден налог за апсење на поранешниот премиер на Непал поради обвиненија за перење пари
- Властите во Непал издале налог за апсење на поранешниот премиер Шер Бахадур Деуба поради обвиненија за перење пари, соопштија судски извори.
Катманду, 9 април 2026 (МИА) - Властите во Непал издале налог за апсење на поранешниот премиер Шер Бахадур Деуба поради обвиненија за перење пари, соопштија судски извори.
Налогот за апсење, со кој е опфатена и неговата сопруга, поранешната министерка за надворешни работи Арзу Ране Деуба, бил издаден во вторникот од страна на судот во Катманду на барање на Одделот за борба против финансиски криминал.
Локалните медиуми јавуваат дека властите побарале помош од Интерпол за спроведување на потерницата бидејќи брачната двојка во моментот се наоѓа во Сингапур.
Шер Бахадур Деуба (79) беше премиер на Непал петпати од 1995 година и долгогодишен лидер на Непалската конгресна партија пред да биде сменет во јануари годинава.
Во објава на социјалните мрежи поранешниот премиер негира каква било вмешаност и го оцени случајот како „лажна пропаганда“. аб/сд
фото/МИА архива