• e enjte, 09 prill 2026

Средношколци од „Јовче Тесличков“ од Велес ќе го посетат Собранието во рамки на едукативниот настан „Имам став!“

Средношколци од „Јовче Тесличков“ од Велес ќе го посетат Собранието во рамки на едукативниот настан „Имам став!“

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Средношколци од СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.

„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.

- Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и на процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост - соопшти собраниската прес-служба. фф/бак/

Фото: МИА Архива

QËNDRONI TË LIDHUR