• e martë, 17 shkurt 2026

Без вода улица Светозар Марковиќ, булеварот Кочо Рацин и објектот Веро Џамбо

Без вода улица Светозар Марковиќ, булеварот Кочо Рацин и објектот Веро Џамбо

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улица Светозар Марковиќ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. сст/

Фото МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR