• e enjte, 09 prill 2026

Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево

Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19 часот.

Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети.

- Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на културната понуда во овој дел од градот, со фокус на презентација на значајни остварувања од домашната кинематографија. Преку прикажување на етаблирани македонски филмови, Општина Кисела Вода овозможува поголема достапност на националното филмско наследство за сите граѓани, се вели во соопштението. ац/бак/

Фото: Општина Кисела Вода

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR