Натпреварот од Евролигата Макаби – Хапоел Тел Авив повторно одложен
- Евролигашкиот натпревар меѓу Макаби и Хапоел или „дербито на Тел Авив“ нема да се игра на 9. март (понеделник)
- Post By Спорт Инфо
- 18:20, 4 mars, 2026
Белград, 4. март 2026 (МИА) – Евролигашкиот натпревар меѓу Макаби и Хапоел или „дербито на Тел Авив“ нема да се игра на 9. март (понеделник). Првобитно натпреварот беше закажан за 5. март, но нема да се игра ниту во вториот термин. Проблем се појави во логистичките подготовки за дуелот.
Клубовите со раководството на Евролигата преговараат за нов термин. Ова ќе им овозможи на клубовите за дополнителни подготовки за натпреварите кои ќе ги играат на 13. март (петок).
До крајот на Евролигата има две недели со двојна програма и тоа значи дека во тој период дуелот Макаби – Хапоел нема да може да се игра. мн/
Фото: ЕПА