Муцунски на средба со извршната потпретседателка на ЕK Минзату: Посветени сме на зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди
- Унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми биле теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.
- Post By Ана Цветковска
- 19:49, 23 mars, 2026
Брисел, 23 март 2026 (МИА) - Унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми биле теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.
На попладневната средба во Брисел на Муцунски со Минзату присустувала и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.

Попладнево во Брисел, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, остваривме средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. Разговаравме за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми, објави Муцунски на Фејсбук.

Министерот додаде дека на средбата ја нагласиле заложбата на државата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди, како и за зголемено учество во програмите „Еразмус+“ и Европската образовна област. ац/
Фото: ФБ Тимчо Муцунски