Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
- Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, да имаме активен дијалог, но во рамки на нашите принципиелни позиции. Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси, тоа не е фер кон оваа држава, тоа нашите граѓани и нашите институции не го заслужуваат и затоа, треба да се најде некое рационално решение кое нам како држава и на нашиот народ ќе ни даде предвидливост по европскиот пат кој без никаква дилема огромно мнозинство во земјава го посакува, рече вечерва министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
You need to login to view this page