• e martë, 17 shkurt 2026

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање за прием на деца. Премиерот Христијан Мицкоски на својата фејсбук-страница утрово информира за изградбата на градинката во населеното место Дексион во општина Ѓорче Петров.

- Објектот е со површина од 900 квадратни метри и капацитет за 120 деца, проектиран според највисоки европски стандарди за безбедност, пристапност и енергетска ефикасност. Градинката ќе располага со современи занимални, голем централен хол и модерна централна кујна, целосна пристапност за лица со попреченост, како и уредени детски игралишта, зеленило и урбана опрема - пишува во објавата.

Се додава дека со реализацијата и пуштањето во употреба на објектот ќе се обезбедат нови места за прием на деца, ќе се намалат листите на чекање, ќе се отворат нови работни позиции и ќе се растоварат постојните капацитети во општината.

- Инвестицијата изнесува 85.000.000 денари и е обезбедена од буџетот на Владата преку Министерството за социјала, демографија и млади - соопшти премиерот. бд/вг/

Фото: Фејсбук-страница на премиерот Христијан Мицкоски

QËNDRONI TË LIDHUR