Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
- - Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и се додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија кои што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој што бил мекото ткиво и партијата која што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата од Охрид сте, знаете кој ги предавал и како ги предавал моштите, рече Мицкоски.
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, сто пати ви кажав, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче на денешната собраниска седница.
Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.
- Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и се додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија кои што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој што бил мекото ткиво и партијата која што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата од Охрид сте, знаете кој ги предавал и како ги предавал моштите, рече Мицкоски.
Филипче, претходно при поставување на прашања до премиерот наведе - Што да се каже за европската интеграција? Јасно и гласно кажавте дека чекор напред земјава нема да направи. лв/са/
Fото: Влада