20 април
Скопје - Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, организиран од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје со поддршка претседателката Сиљановска-Давкова. (Вила Водно, Кабинет на Претседател/12:00; медиумите да пристигнат до 11:40)
Скопје - Седмичен неформален брифинг на претседателот на Собранието Африм Гаши со новинари. (Собрание, Сала на Уставна комисија/12:00)
Скопје - Амбасадорот на Кралството Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи на проштална средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Стар кабинет/12:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Собрание, Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија на Собранието. (Собрание, Сала 6/11:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Прес-конференцијата на пратеникот Блерим Беџети. (Прес центар на Собранието/11:00)
Скопје - Министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, заедно со делегација на бизнисмени од Казахстан во посета на Македонија.
- Пристигнување пред главниот влез на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. (9:00)
- Тет-а-тет средба со министерот Тимчо Муцунски. (9:05)
- Билатерална средба меѓу двете делегации. (9:30)
- Прес-конференција. (МНРиНТ/10:10)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на свеченото отворање на новата Лабораторија за органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (14:30)
Ве известуваме да ја следите прес-конференцијата на пратеникот Блерим Беџети, утре (понеделник – 20.04.2026), со почеток од 11:00 часот, во Прес центарот на Собранието на Република Северна Македонија.
Скопје - Македонско-казахстански бизнис-форум, посветен на унапредување на економската соработка помеѓу двете земји. (Стопанска комора, Сала 4 на 5-ти кат/11:30)
Штип - Оценување, во рамки на вежбата „Блесок 26“, на Лесната пешадиска баталјонска група, која треба да ги исполни НАТО целите на способности. (Касарна „Јане Сандански“/9:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 8:30; предвидена е изјава за медиуми од директорот на оценувачкиот тим)
Скопје - Почетната конференција на проектот „Подготви се за работа преку кариерно насочување“, поддржан од Австриската агенција за образование и интернационализација. (х. „Александар Палас“/10:30)
Скопје – Официјално отворање на натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026. (Амфитеатар на ФЕИТ/12:00)
Скопје – Прес-конференција по повод премиерата на претставата „Страв и надеж“ по мотивите на Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. (Фоаје на МНТ/11:00)
Истанбул - Промоција на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија. (Македонски културен центар/18:00)
Скопје - Комеморација во спомен на доајенот на современата македонска ликовна уметност, професорот Родољуб Анастасов. (Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на град Скопје/12:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***