15 април 2026
Будимпешта - Унгарскиот претседател Тамаш Сулок ќе се сретне со победникот на парламентарните избори, Петер Маџар.
Пекинг - Шпанскиот премиер Педро Санчес ја завршува својата официјална посета на Кина.
Брисел - Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент организира дебата со претставници на иранската опозиција, меѓу кои е активистката и добитничка на Нобеловата награда за мир и Сахаров, Ширин Ебади.
Вашингтон - Пролетна сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка на која ќе биде објавен заедничкиот Фискален монитор.
Истанбул - Почеток на 152-та сесија на Меѓупарламентарната унија која ќе трае до 19 април.
Јаунде - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, ја продолжува својата африканска турнеја со Камеруну.
Белград - Министерот за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, ја почнува посетата на Србија