• e mërkurë, 11 shkurt 2026

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

11 февруари 2026

Хаг - Пред Специјалниот суд во Хаг, продолжение на изнесувањето завршни зборови на обвинителството и одбраната во судењето на поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, и тројца кообвинети за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-99 година, до 18 февруари.

Вашингтон - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за преговорите на САД со Иран.

Брисел - Состанокот на Советот за надворешни работи со министрите за одбрана на ЕУ со кој ќе претседава високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, а ќе присуствува и министерот за одбрана на Украина, Михајло Федоров.

Анкара - Средба меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Мадрид - Протест на шпанските земјоделци против трговскиот договор ЕУ-Меркосур.

Адис Абеба - Редовна седница на Извршниот совет на Африканската унија.

 

QËNDRONI TË LIDHUR