2 февруари 2026
Скопје - Конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот, со која ќе претседава заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи. (Свечена сала на Влада на Република Северна Македонија/10:30-12:00)
Скопје - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе одржи прес-конференција. ( во просториите на Министерството, ул. „Македонија“ бр. 27, 8 кат – прес-сала/10:30)
Скопје - Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) организира презентација за системот за електронско фактурирање (е-Фактура), каде ќе се обрати директорката на УЈП, Елена Петрова. (во просториите на ССКМ/14:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ. (Прес-центар во Собрание/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Македонскиот олимписки комитет (МОК), на која ќе бидат претставени олимпијците кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри Кортина Милано 2026. (Конференциска сала на МОК; булевар „АСНОМ“ 1/12:00)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***