• e mërkurë, 15 prill 2026

Манасиевски до Жерновски: Во чија сопственост е ултра модерниот мерцедес кој го возиш?

Манасиевски до Жерновски: Во чија сопственост е ултра модерниот мерцедес кој го возиш?

Скопје, 14 април 2026 - Неакредитираниот амбасадор и очаен дипломат, Андреј Жерновски, пред 2 недели во гостување на поткаст вели дека нема во сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, туку дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува фејсбук статус на Валентин Манасиевски, а МИА го објавува интегрално.

Но, светот е мал, па вистината се дознава прилично брзо. Би сакал да го прашам господинот Жерновски, дали автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички SK 8888 ZA е во негова сопственост? Ако да, зошто не е пријавен во имотниот лист кој го има во ланскиот извештај? (Слика 2)

Колкава е цената на овој ултра модерен мерцедес со регистарски таблички со негови иницијали?

До исчекување на одговор, видете слика 1 и се ќе ви стане јасно. 

Фото МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR