• e martë, 17 mars 2026

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час

Атина, 17 март 2026 (МИА) - Полицајците од Килкис уапсија едно лице, кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час на место на кое ограничувањето на брзината е 110 километри на час - информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми, станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун - Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблички, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област Централна Македонија на социјалните мрежи објавија фотографии како од радарот што ја регистрирал брзината така и од мотоциклот на уапсениот. ср/са/

Фото: Генерална регионална полициска дирекција на Централна Македонија

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR