Магла на патиштата во Струмица, Неготино и Демир Капија
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100метри во Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150метри Демир Капија, информира АМСМ.
- Post By Сашо Арсовски
- 07:24, 6 shkurt, 2026
Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100метри во Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150метри Демир Капија, информира АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.са/
Фото: МИА