• e premte, 13 mars 2026

Лихачев и Гроси разговараа за развојот на нуклеарната енергија во светот

Лихачев и Гроси разговараа за развојот на нуклеарната енергија во светот

Москва, 12 март 2026 (МИА) – Директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачев, и генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска во Москва разговараа за стратешки прашања кои се однесуваат на обезбедување на режимот на неширење и развојот на нуклеарната енергија во светот.

Делегациите на Русија и МААЕ утре во Москва ќе одржат нов круг меѓуресорски консултации, на кои се очекува дека ќе биде разгледана ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје и иранската нуклеарна централа „Бушер“.

Делегацијата на Русија ја предводи Лихачев, а делегацијата на МААЕ ја предводи Гроси. Претходниот круг консултации Русија-МААЕ беше одржан на 14 ноември 2025 година во Калининград. јт/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR