• e enjte, 26 shkurt 2026

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице

25 февруари 2026 

Пратеничката група на Левица ќе поднесе измени на два закони, со заедничка цел - финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци, информираше пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил - Хактан на денешната прес конференција, се вели во соопштението од Левица што МИА го објавува интегрално. 

Предлогот предвидува двојно зголемување на максималниот износ за поврат на ДДВ по физичко лице на тромесечје – од 2.100 на 4.100 денари, како и зголемување на процентот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“: од 20% на 40% за македонски производи и од 10% на 20% за останатите. 

Дополнително, се предлага зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ-обврзник од 2 на 4 милиони денари годишен промет, со цел да се намали административниот и финансискиот товар врз малите фирми.

„Со оваа мерка сакаме да го растеретиме даночниот товар кој во моментов е непропорционално распределен - на штета на малите бизниси, додека големите компании користат бројни олеснувања и субвенции. Административните трошоци и за УЈП и за малите субјекти често се поголеми од самата даночна обврска. Со овој пакет отвораме суштинска дилема – кој навистина го носи товарот на даночниот систем во Македонија? Нашата цел е јасна: прогресивен и праведен даночен систем. Оттука, и во иднина ќе предложиме други мерки од овој тип за остварување на оваа цел”.

фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR